Една студија изведена од страна на Центарот за економски перформанси покажала дека луѓето се најсреќни на 23 и 69 години.

Студијата, која е спроведена од Центарот за економски перформанси врз 23 000 Германци на возраст меѓу 17 и 85 години, откри на која возраст луѓето се најсреќни. 

Ова истражување покажа дека врвот на среќата е на 23-та и 69-та години.

Според ова истражување, се чини дека забавните рани дваесетти, кога кариерата е на самиот почеток, може да се споредат само со радоста кога се заминува во пензија.

Истражувачите сметаат дека годините измеѓу најсреќните се под влијание на стресот поврзан со притисокот на работа, притисокот во одгледување семејство и финансиски тешкотии.