Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30 проценти, објави Министерството за внатрешни работи.

– Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50% – стои во објавата Фејсбук.

Како што дополнуваат, во борбата против трговијата со дрога се откриени 1.600 кривични дела, пријавени околу 1.900 сторители, запленети 6,2 тони наркотична дрога, спречени девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300%.

– Паралелно со тоа, имотниот криминал е намален за повеќе од 30%, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40%, што значи поголема сигурност за секое семејство и секоја локална заедница – се дополнува во објавата.

Фото:МВР