Околу 330.000 мигранти минатата година се обиделе да влезат во Европската унија без дозвола, што е најголем број од 2016 година, соопшти денеска службата на ЕУ Фронтекс.

Минатата година половина од мигрантите се обиделе да стигнат до ЕУ по копнен пат преку Западен Балкан, објави Фронтекс.

Сиријците, Авганистанците и Тунижаните се околу 47 отсто од вкупниот број на сите спречени обиди за преминување на границите на ЕУ.

Фронтекс соопшти дека повеќе од 80 отсто од обидите биле направени од мажи. Луѓето кои доаѓаат на границите на Европа и поднесуваат барање за азил имаат поголеми шанси да добијат влез, додека оние кои доаѓаат без виза во потрага по работа и подобар живот, главно се одбиени.

Последните податоци на Фронтекс не ги вклучуваат речиси 13-те милиони украински бегалци на надворешните граници на ЕУ во периодот од февруари до декември.