Германски овчар, позната раса и како волчјак, вчера попладне нападнал и каснал три деца во скопската општина Аеродром.

По нападот, како што објави порталот СДК, песот бил заловен од шинтерската служба на ЈП „Лајка“, од каде потврдиле дека станува збор за напуштен домашен миленик.

Две од нападнати деца биле со дедото кога биле нападнати и веднаш биле пренесени во болница.

Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска вели дека тимовите реагирале откако добиле повик од граѓани очевидци.

Таа додава дека станува збор за напуштен миленик и дека службите трагале по сопственикот на напуштениот миленик.