Темата е сериозна и загрижувачка е состојбата со необезбедените вакцини во Македонија, но откако се дозна дека Србија денеска не ни ја предава донацијата вакцини, поради неподготвени документи од македонска страна, зовреа социјалните мрежи од револт, гнев и потсмев со неспособноста на македонските власти.

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче покажаа несериозност, негрижа и неспособност да набават вакцини против коронавирус за македонските граѓани.

Тие вчера го најавија денешното пристуигнување на вакцините кои на граничниот премин требаше да бидат преземени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. За денеска во 14 часот беше најавен и организиран превоз за новинари од Владата до Табановце за да го „увеличаат“ овој чин на Заев и Филипче. Но, се уште им фалат документи, иако министерот Филипче од пред неколку дена изјавуваше дека се е подготвено.

Еве како на тоа реагираат граѓаните на социјалните мрежи, Направен е избор од илјадници коментари полни со револт и потсмев за неспособноста да се прими и донација.