НАСА денеска на својот профил на Фејсбук објави фотографија од Охридското и Преспанското Езеро за кои пишува дека се едни од најстарите езера во Европа.

– Охридското и Преспанското Езеро, две од најстарите езера во Европа, се наоѓаат во планинска област долж границите на С. Македонија, Албанија и Грција. Езерата опстојуваат најмалку еден милион години, а можеби и подолго. Оперативниот копнен Imager-2 (OLI-2) на Landsat 9 ја сними оваа слика со природна боја на езерата на 19 август 2022 година. Охрид е поголемото и подлабоко од двете, со средна длабочина од 155 метри (509 стапки). Преспа има средна длабочина од 14 метри“, пишува НАСА, стои во објавата.

Во објавата не стои, но за жал, Преспанското Езеро е оставено на немилост, како што порано беше случај со Дојранското Езеро, и се повеќе заличува на мочуриште.