НАТО денеска ја предупреди Турција на „потенцијалните последици“ од купувањето на рускиот протививздушен ракетен систем за одбрана С-400, откако во оваа земја пристигна првата пратка со дел од опремата, јави ДПА.
– На сојузниците е да одлучат каква опрема ќе купуваат, но ние сме загрижени за можните последици од одлуката на Турција да се стекне со системот С-400, изјави официјален претставник на НАТО.
“Интероперабилноста на нашите вооружени сили е од суштинско значење за НАТО во спроведување на нашите операции и мисии”, додаде официјалниот претставник, притоа потенцирајќи дека Турција соработува со другите сојузници во развојот на системите за воздушна и ракетна одбрана од голем дострел, јави ДПА.