Дербито на македонскиот фудбал меѓу Шкупи и Шкендија повторно понуди немили сцени. Ако претходно ваква беше ситуцијата во Тетово, сега е во Скопје, затоа што по голот на Шкендија, навивачи влетаа на терен и се се случи хаос.

Летаа факли, пиротехника и бомби, мораше да реагираат полицијата и специјалците затоа што работата немаше да биде добра. Се тепаа навивачи со фудбалерите, удираа и едните и другите, на теренот во „Чаир“ владееше вистински хаос, по што натпреварот е прекинат.