Лос Анџелес лејкерс најавија дека ќе го одиграат својот петти натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Мајами облечени во униформа на „Црна Мамба“, која е посветена на легендарниот играч Коби Брајант.
На петтиот натпревар Лејкерси ќе имаат можност да освојат шампионската титула.
Сопругата на покојниот Брајант, Ванеса го одобри изборот на Лејкерс:
– Напред Лејкерс! – напишаа Ванеса на социјалните мрежи.
Лејкерси водат со 3:1 и се на чекор од титулата.