Кошаркарите на Торонто триумфираа синоќа на гостински терен кај Лос Анџелес Лејкерс со 121:114, нанесувајќи му го третиот пораз во низа на актуелниот шампион во НБА лигата.

„Лејкерси“ во финишот беа без услугите на Леброн Џејмс, кој ја обнови повреда на зглобот на десната рака и го напушти теренот на шест минути пред крајот на мечот. Според извештаите, неговиот настап на вечерашниот натпревар на гостински терен кај Денвер е неизвесен.

Шутерско шоу изминатата ноќ во НБА лигата донесе пресметката меѓу Милвоки и Бруклин, во која Јанис Антетокумбо го предводеше победничкиот тим со 49 поени, додека Кевин Дурент на спротивната страна постигна 42 кошеви.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу неделата и понеделник:

Сан Антонио – Филаделфија 111:113 (по продолжение)

Оклахома 0 Феникс 120:123

Шарлот – Мајами 111:121

Бостон – Портланд 119:129

ЛА Лејкерс – Торонто 114:121

Далас – Сакраменто 99:111

Хјустон – Њујорк 97:122

Милвоки – Бруклин 117:114.