Триесет и три годишната охриѓанка Јана Арсовска, за која се собираа средства за лекување во Барселона, не го дочека вечерашниот хуманитарен концерт од кој средствата беа наменети за нејзино лекување.

Нејзината приказна за болеста ја крена на нозе македонската јавност, и за нешто повеќе од два месеца се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана на клиниката во Барселона. Таа пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

Јана Арсовска боледуваше од многу редок карцином, адултен неуробластом во рамките на чие лекување двапати беше трансплатирана со коскена срж (2016 и 2018 година)  Ова е детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 милиони луѓе.

По втората трансплатација специјалистите од клиниката во Фленсбург, Германија, каде Јана беше лекувана препорачаа итно продолжување на лекувањето со имунотерапија, нешто што беше одбиено од Фондот за здравствено осигурување.

Дополнително, од страна на ФЗО не ѝ беше понудена никаква алтернатива за третман на болеста и покрај одбивањето на итното барање на германските специјалисти, кои неколку пати нагласија дека без имунотерапија животот на Јана е сериозно загрозен.

Спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.

Почивај во мир Јана.