Настинка предизвикуваат преку 200 видови различни вируси и не се лекува со антибиотици, бидејќи вирусите на нив не реагираат.

Обично, прво се јавуваат болки во грлото и течење на нос. Потоа, доаѓа до затнување на носот и послаба кашлица. Покачената температура обично изостанува или малку е покачена во првите денови кај возрасните, додека кај децата е почеста.

Не се одмарате доволно

Спиењето помага имунитетот да работи како што треба. Кога ќе настинете, ви треба повеќе спиење и одмор, за да може вашето тело да се бори против вируси и да ви помогне да се излечите. Првите три дена, од почетокот на првите симптоми, повеќе одмарајте.

Освен тоа, дури и кога сте здрави, ако сте ненаспиени и уморни, полесно ќе настинете затоа што вашиот имунитет е слаб и вашето тело е повеќе подложно на болести.

Според една студија, луѓето кои спијат помалку од 7 часа се речиси три пати повеќе склони кон болести отколку оние кои спијат осум или повеќе часа.

Не пиете доволно течности

Кога човек ќе се разболи, станува лесно дехидриран, а болното грло може да направи да пиете помалку вода од вообичаеното. Исто така, покачената температура ја забрзува потрошувачката на влага од телото, како и зголемено создавање на слуз.

Затоа, кога сте настинати, но и кога не сте – внесувајте доволно течности, без разлика дали тоа е вода, чај или супа. Воздржете се од кофеин и алкохол затоа што извлекуваат повеќе течност од телото отколку што останува откако ќе ги испиете.

Под стрес сте

Стресот многу лошо влијае на имунолошкиот систем и вашето тело не може да се бори против вирусите како што треба. Кога сте под голем стрес, полесно ќе се разболите, и ако веќе сте болни, ќе закрепнете побавно и симптомите ќе бидат полоши.

Тоа всушност не е настинка

Лесно е да се збуните и да да ја помешате настинката со други болести. На пример, ви се чини дека  е настинка, имате одредени симптоми, но таа не поминува, бидејќи всушност вие сте алергични на нешто.