Како партија, ние имаме недоверба во СДСМ, рече во вечерашното гостување во емисијата „Двесте“ на ТВ Алсат, Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој коментираше дека премиерот Зоран Заев често ги менува ставовите и оти веројатно не му веруваат ниту домашните.

– Македонија има претседател на влада којшто во вторник кажува едно, во среда ја менува изјавата, а во петок кажува сосема контрадикторно од тоа што го кажал во вторникот. Јас мислам оти имаме случај во државата, во кој и дома не му веруваат на Заев што кажува. Мислам дека кога ќе му отиде на Вице Заев и ќе му каже колку имаат од одредена зделка, човеков треба да се преброи за да види дали е во право или го лаже, рече Нелоски.