Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, во текот на денешната работна посета на Македонија е планирано да има средби со претседателот Стево Пендаровски и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

 

На заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и претседателот на Македонија ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.