Двегодишно девојче во Турција било итно пренесено во болница, откако било каснато од змија и сега е во добра состојба.

Таткото на девојчето за локалните медиуми изјавил дека инцидентот се случил во дворот на семејната куќа.

– Додека бев на работа ми се јавија и ми рекоа дека моето дете го каснало змија. За среќа, додека стигнав детето веќе беше пренесено во болница. Како што ми кажаа соседите, детето ја држело змијата в рака и си играло со неа кога го каснала. Им благодарам на моите соседи и Господ нека ги благослови, изјавил таткото Мехмет Еркан.

Соседот кој го видел девојчето како ја гризе змијата го отстранил рептилот и повикал помош. Змијата го каснала детето за долната усна.

– Лекарите ми рекоа дека наодите се чисти и дека таа треба да биде под опсервација 24 часа. Би ги повикал родителите да внимаваат на своите деца. Секогаш внимавајте на нив, рекол таткото на девојчето.

Инцидентот се случил минатата среда, а во објавата на Твитер не е наведено дали станува збор отровна или неотровна змија.