Метеоролозите за денеска прогнозираат дека времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умрен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а  дневната од 21 до 31 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 степени.