Најпознатиот холандски фудбалски тим, Ајакс, денеска извојува неверојатно победа во домашното првенство од 13:0. Со толку голови победи на гостувањето против Венло, тим кој е на 11-то место на табелата и до овој натпревар имаше една победа, два нерешени натпревари и два порази од петте натпревари.

Во тие пет натпревари, домаќините на Ајакс имаа постигнато девет и примено девет голови, па иако победата на Ајакс беше предвидлива, ништо на навестуваше ваков резултат.

Ајакс во првото полувреме постигна четири голови, а во второто девет.

Четири од тие девет голови во второто полувреме беа постигнати од 54 до 59 минута, што отприлика значи дека во тие пет минути Венло примал гол на 75 секунди.

Три од деветте голови се постигнати од 74 до 78 минута, односно на секои две минути.