Нов сет свитоци од Мртво море, антички фрагменти од библиски текстови стари речиси 2.000 години се пронајдени во израелска пустина.
Се смета дека се сокриени за време на еврејската побуна против Рим во втората половина од првиот век.
Израелската управа за антиквитети во вторникот објави дека четиригодишен археолошки проект открил делови од Книгата за дванаесет малолетни пророци, вклучувајќи ги и книгите на Захарија и Наум. Тоа е прво вакво откритие по повеќе декади.
Откриен е и скелет стар 6.000 години на делумно мумифицирано дете и плетена корпа стара 10.500 години, за што израелските власти соопштија дека може да биде најстарата во светот. КТ скен откри дека возраста на детето е помеѓу 6 и 12 години – со делумно зачувана кожа, тетиви, па дури и коса.
Меѓу откриените текстови, кои се на грчки јазик, е и тој од Книгата на проркот Наум 1, 5–6, во кој се вели:
„Планините се тресат заради Него, а ридовите се топат. Земјата е небесна пред Него, светот и сите што живеат во него. Кој може да застане пред Неговиот гнев? Кој може да му одолее на неговиот бес? Неговиот гнев се истура како оган, и карпите се разбиваат поради Него.“
Во една верзија на македонски превод, овие стихови гласат:
5. Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сè што живее во неа.
6. Кој може да устои против Него? И кој може да го издржи пламенот од гневот Негов? Гневот Негов се излива како оган; карпи се распаѓаат пред Него.“
Иако суптината е идентична, се гледа дека постојат различни нијанси.
Властите изјавија дека овие зборови се разликуваат малку од другите библиски верзии, фрлајќи ретка светлина за тоа како библискиот текст се менувал со текот на времето од неговата најрана форма. Општо познат факт е дека библиските текстови се менувале низ вековите во текот на нивното копирање кое било рачно, па тоа ја отежнува реконструкцијата на оригиналните текстови. Првиот сет на свитоци од Мртвото Море, откриен од еден бедуински пастир на истата област во 1947 година и се сметаат меѓу најважните археолошки наоди на 20 век, иако библиските научници не се согласуваат околу нивното авторство.
Биле откриени и други предмети вклучувајќи монети со еврејски симболи, како харфа и дланка, врвови на стрели и копја, ткаенина, сандали и чешли за вошки – за сите се смета дека датираат од крајот на бунтот во Бар Кохба (132-136 г. н.е.), во кој Евреите се бореле против римското владеење во Јудеја.
Богатствата се пронајдени во она што Агенцијата за антиквитети го нарекла „Пештера на ужасот“ во пустината.
Уникатната сува клима во областа овозможила документите пронајдени таму преживеале во невообичаено добра состојба. Како што објавува „НБС њус“, користејќи методи кои поверојатно е да се видат во холивудски филм отколку во археолошки проект, истражувачите морале да се спуштат по несигурна карпа за да стигнат до отворот на пештерата, што е околу 90 метри стапки под врвот на карпата и е опкружено со клисури од двете страни. Беспилотните летала биле користени и за преглед на тешко достапните делови од пештерите.