Дојран пладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во моментов се движи нова нестабилна маса од Гевгелија кон Дојран, по што се очекува невреме со истите појави.

– Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Во моментов нова нестабилна маса се движи од Гевгелија кон Дојран и се очекува повторно да го зафати невреме со истите појави, стои во соопштението.

Нестабилност со слаб интензитет, оттаму додаваат дека има и во Кумановско, како и во Мариовско.

Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.

Фото: МИА архива