Вечерва во вестите на Канал 5 свое јавување имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посочи дека за да се одржат избори треба два чекори да се направат и тоа Македонија прво да се справи со корона кризата, и потоа со консензус да се одлучи за датумот на избори.
„Апсолутно треба да се случат избори, на кои што граѓаните треба да го дадат својот глас, но тие избори може да се стаса само преку два чекора. Првиот чекор е сериозна битка со вирусот, за да почнат овие бројки да се намалуваат. И вториот чекор е консензус кој што би се постигнал помеѓу сите политички партии со еден отворен дијалог“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека каналот на комуникација помеѓу политичките субјекти и ВМРО-ДПМНЕ е прекинат неколку дена. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање и на СДСМ и на други политички партии повторно да комуницираат и да разговараат за доброто на граѓаните. Но прво да се надмине здравствената криза и потоа за доброто на демократските институции дијалог и консензус е она што и е потребно на Република Македонија.
„Ние ќе сме најсреќни утре да почнат да паѓаат бројките, утре да се разбудиме со ситуација каде ќе има нула новозаболени, тоа е нашата желба. Секако после тоа ќе дискутираме затоа што Република Македонија треба да има демократски институции. Но како што ги гледаме сега работите, не сум оптимист дека утре ќе се разбудиме со нула новозаболени. И да бидам искрен не сум оптимист дека ќе се разбудиме со бројка помала од 50-тина, не го посакувам тоа, но за жал тоа е она што се навестува“, истакна Николоски.
Николоски образложи дека во вакви услови не треба да се влезе во кампања. За пример ја посочи предвремената кампања на СДСМ каде што во моментов според одредени информации има околу 200 лица од УЈП се во самоизолација, поради тоа што директорката е заболена од корона вирусот. И преку 80-тина од врвот на СДСМ се во самоизолација. И од тоа може да се постават и добри политички прашања како на пример, дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на што е директор на финансиска полиција или директор на агенција за разузнавање.