Д-р Игор Николов, претседател на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Република“ поставува прашање дали физичкото присуство треба да биде за сите училишта региони во Македонија.

-Епидемиолошките индикатори не се секаде исти и не се во сите градови подеднакви. Ако ги споредиме индикаторите во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, со некои градови од источна Македонија како Пехчево и Делчево заклучуваме дека постои разлика. Поради тоа сугерирам секое училиште индивидуализирано ги следи епидемиолошките индикатори само за себе и врз основа на тоа да одлучува заедно во соработка со родителите дали треба да биде со физичко присуство, дали да биде комбинирано или само онлајн во одреден период додека не се стабилизира епидемиолошката состојба.

Николов прави споредба како тоа е решено во западните земји:

-Tаму се прават санитарни мерки на протекција кои се класифицирани во четири групи, тоа се санитарни мерки со зелена боја, жолта, портокалова и црвена. Врз основа на епидемиолошките индикатори кои постојат во секое училиште се одлучува кои санитарни мерки на заштита ќе бидат применети во самото училиште. Ова би бил добар предлог за Владата и за Министерството за образование за да најде решение и да го заштити образовниот процес за да имаме за да имаме генерации кои ќе бидат соодветно едуцирани. Не можеме за сите училишта да донесеме исти санитарни мерки. Сега имаме ситуација кога Комисијата за заразни болести носи мерки кои треба да се применуваат во цела Македонија. Тоа не коректно посебно за оние региони каде епидемијата не е во фаза на експлозија.