Вицепремиерот за борба против корупциј и генерален секретар на СДСМ вечерва како гостин во Дневникот на ТВ Сител изјави дека во државата постојат институции кои „искрено се борат за примена на законите и се посветени на борба против криминалот и корупцијата.
– Поставувањето на вицепремиер за борба против корупција испраќа порака дека СДСМ отвора силен фронт, неселективен, со важење на законот за сите и никој не може да смета на партиска поддршка ако прекршил закон, рече Николовски.
Тој повика на одговорно однесување на сите функционери.
– Мојата улога како вицепремиер е да ги кооридинирам институциите во борбата против корупција. Ќе го промениме начинот на делување, ќе го смениме кодексот, мораме поинаку да се однесуваме сите кои имаме одговорни функции. Ова ни треба за цело општество. Влеговме во тој процес и ќе опстоиме, законот мора да важи за сите, до последен, категоричен е Николовски
Тој додаде дека „времето кога еден ист човек беше и обвинител и судија и беше сублимирана целокупната моќ и власт во еден човек заврши“
– Гледате дека постојано овој период праќаме силни пораки дека неприкосновено, дека бескомпромисно ќе се бориме почнувајки од начинот на функционирање и од функциониерите на СДСМ, рече Николовски.