Многу пилоти во САД биле обучувани да управуваат со Боинг 737 Макс-8 само со помош на ајпад, лекцијата траела еден час и прочитале само прирачник од 13 страници.
Ова го пишува „Њујорк тајмс“ додавајќи дека во прирачникот немало ниту збор за новиот систем за стабилизација, кој најверојатно е причината за последните несреќи во Етиопија и Индонезија.
Пилотските сојузи на „Саутвест ерлајнс“ и „Американ ерлајнс“ признаваат дека често барале од Боинг да им обезбедат симулатори, но производителот и американската воздухопловна администрација одлучиле дека пилотите немаат потреба од дополнителни тренинзи, бидејќи имаат искуство со Боинг.