Англискиот фудбалски прволигаш Њукасл продолжува да се засилува во обид да обезбеди опстанок во Премиер лигата и го договори трансферот на играчот за врска на француски Лион, Бруно Гимараеш (24), јавија денеска британските медиуми.
Њукасл ќе плати за услугите на бразилскиот репрезентативец обесштетување од 36 милиони евра.
Гимараеш е трето засилување на последно пласираниот тим во Премиер лигата во јануарскиот преоден рок, по дефанзивецот Кјеран Трипие и напаѓачот Крис Вуд.
Гимараеш дојде во Лион во 2020 година од бразилски Флуминенсе за сума од 20 милиони евра.
За него интерес покажуваше и лондонски Арсенал.