Три земјотреси ноќеска ја потресоа јужна Грција, а се почувствувани и во јужните делови на Македонија, како и во делови од Албанија.

Првиот земјотрес, како што пренесоа некои медиуми, што се случи околу половина час по полноќ бил со јачина од 5,1 степен, а најсилниот бил неколку минути пред еден часот ноќеска, со интензитет од 6,8 степени.

Епицентарот на земјотресите е на педестина километри југозападно од Закинтос на длабочина од 10 километри.

Третиот потрес бил во 1:09 часот со јачина од 5,4 степени соред Рихтер.

Според други медиуми, кои пренесуваат информации од Геолошкиот институт на USGS, најсилниот потрес бил 6,9 степени според ЕМСЦ, 6,8 степени според Рихтер со епицентар во Јонското Море.

Според грчки медиуми, снабдувањето со електрична енергија на островот било прекинато, имало материјални штети, а исплашените жители излегле на улиците. Засега нема подетални информации за евентуално повредени.