Уште еден земјотрес со интензитет 5,3 степени според Рихтеровата скала во 15 часот и 45 минути ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранско Море, на длабочина од 10 километри.

Овој земјотрес денеска беше почувствуван и во Скопје и во други делови од Македонија.

Во земјотресот што вчера ја погоди Албанија со интензитет од 6,4 степени загинаа најмалку 31 човек, а над 650 се повредени.