Американскиот претседател Донлад Трамп испрати синоќа писмо до претседателот на Сенатот во врска со зачленувањето на Македонија во воената алијанса НАТО.

Во писмото се вели дека влезот на Македонија во НАТО нема да има ефект на зголемување на процентот на уделот на САД во општиот буџет на НАТО.

– Вклучувањето на С. Македонија во НАТО не ја намалува способноста на САД да ги исполнат нивните воени обврски надвор од Северноатлантскиот регион, истакнува Трамп во писмото.