Италија префрлила 451 мигрант од рибарскиот брод во два помали брода на граничната патрола на Медитеранот, но смета дека мигрантите треба да бидат префрлени во Либија и во Малта.

Од кабинетот на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини му порачале на италијанскиот премиер дека тие два брода со мигранти треба да бидат пренасочени на Малта или уште подобро во Либија.

Италија смета дека Малта требала да ги спаси и да ги преземе 450 мигранти од бродот на Медитеранот и да ги згрижи.

Италијанскиот министер за сообраќај Данило Тонинели објавил на својот Твитер дека бродот со 450 мигранти со часови кружел во водите околу Малта барајќи помош и додал дека според законот Малта е должна да ги испрати своите бродови и да го отвори пристаништето.