Во вечер кога Кристијано Роналдо заработи црвен картон во дебито со Јувентус во Лигата на шампионите, новата 7-ца на Реал постигна прекрасен гол, Маријано ги возбуди навивачите

Откако Кристијано Роналдо се пресели во Јувентус, Реал се поврзуваше со Нејмар, Мбапе и Азар како негови наследници. Но во финишот од преодниот рок на Бернабеу се врати Маријано Диаз, и тоа откако Севиља го договори напаѓачот, па „Кралевите“ ја искористија опцијата први да го купат фудбалерот на Лион.

Вечерва против Рома, новата 7-ца на Реал ги доби првите минути оваа сезона и за краткото време поминато на теренот, Маријано ги возбуди навивачите со прекрасен гол. Во судиското надополнување, тој одлично се ослободи од својот чувар и од работ на шеснаесетникот прецизно пласираше во аголот за 3-0.