Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, се сретнаа минатата недела во Пјонгјанг, а новинарите останаа шокирани кога Ким се појави во најновиот „Ролс Ројс Фантом“.

Ким одржа успешен состанок со американскиот државен секретар, а присутни новинари беа заинтересирани од каде му е на  северенокорејскиот лидер  најновиот модел од овој автомобил, со оглед на тоа што Северна Кореја долги години е под санкции на западните земји, кои на земјата и ставија ембарго за увоз на речиси сите производи.

Лидерот на Северна Кореја досега можеше да се види во блиндиран и специјално изработен „мерцедес“, чија цена, имајќи ја предвид опремата за безбедност, се проценува на 1,7 милион долари.

Иако забраната на Обединетите нации јасно наведува дека Северна Кореја не смее да увезува луксузни стоки, се чини Ким ужива посебни привилегии и успева за себе да обезбеди најсовремените и најлуксузните производи.