Лични карти и пасоши на македонските граѓани со сменетото име РС Македонија ќе почне да им бидат издавани од септември оваа годинава.

Ова, од свои извори од МВР, го објави порталот МКД. Како што е објавено од цитираните извори, на 5 декември 2019 година била склучена рамковна спогодба, а на 11 декември и договор-нарачка склучен меѓу МВР и и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи на македонските граѓани.

До септември, кога ќе почне издавањето на лични документи со променетото име на Република Македонија, граѓаните ќе добиваат документи со Република Македонија кои ќе треба да се заменат најдоцна до 2024 година, наместо важноста од 10 години.