Денеска се регистрирани уште седум позитивни, од кои 6 пациенти и еден вработен. Сите се асимптоматски и изолирани во посебно одделение, заедно со останатите заразени, објави Телма.

Со ова вкупно во Психијатриската болница Демир Хисар позитивни се 28 лица, односно 25 пациенти и 3 вработени, медициснка сестра и двајца од помошниот персонал. Минатата недела еден 73 годишен штитеник од Психијатриската болница почина во градската болница „8 Септември“ во Скопје поради компликации од КОВИД-19. Како вирусот влезе во оваа установа, со вкупно 300 пациенти, не се знае.