Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска треба да ги претстави деталите за американското соборување на кинески балон и уште три други објекти кои биле на голема висина, соопштија два добро информирани анонимни извори.

Не се знае точното време кога Бајден ќе се обрати. Тој беше под притисок од пратениците да зборува поопширно за соборувањето на неидентификувани објекти над САД во текот на овој месец.

Американски борбен авион првпат собори кинески балон за набљудување на 4 февруари, по што следеше соборување на три други неидентификувани објекти: два на север и еден чии делови паднаа во езерото Хјурон.

Бајден побара од советникот за национална безбедност Џејк Саливан да претседава со работната група на сродните агенции кои треба оваа недела да изготват упатства за тоа како треба во иднина да се постапува со неидентификувани објекти во иднина.