Силен земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала во 10:47 минути го погоди островот Крк, каде бил и епицентарот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, четири километри источно од Крк и 37 километри југоисточно од Риека.

Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје, како и во Загреб.