Службата за безбедност на Украина (СБУ) пронашла забранети руски симболи и медали при претрес во домот на пратеникот Нестор Шуфрич, потврди разузнавачки извор за украинската Правда.

Шуфрич е член на забранетата опозициска Платформа за живот, проруска и евроскептична политичка партија.

Oд објавените фотографии се гледа дека кај пратеникот, осомничен за предавство, се пронајдени ленти свети Ѓорѓи, медали и грбови на вооружените сили на Руската Федерација.

Инаку, украинските разузнавачи денеска извршиле претрес во неговиот дом.

Истрагата утврдила дека Шуфрич соработувал со Владимир Сивкович, офицер на ФСБ и поранешен пратеник.