Од поодамна се шпекулира дека во Македонија се увезува отпад, и тоа не само за преработка, туку и за уништување.

Од време на време кога загаденоста нагло ќе порасне, јавноста го крева гласот, но набргу институциите ќе објаснат дека „тоа се само шпекулации“, ветрот ќе го прочисти воздухот, а ако не единствени, тогаш најголеми виновници ќе си останат „граѓаните што користат цврсти енергенси за затоплување“.

Ваквата шпекулација, како што објавува неделникот Фокус, го засенува тврдењето на надлежните дека домаќинствата се најголемите загадувачи, па виновникот го бараат во „мафијата со отпад“.
Додека институциите се плашат да го разбуричкаат ѓубрето, добро упатен извор за „Фокус“ открива како под превезот на легалното, се увезува забранет отпад.

Рутата е во два правца: Ѓубрето излегува од Италија оди во Бугарија, а од таму во Македонија, а другата е од Италија во Албанија. Таму ѓубрето од ЕУ станува суровина, а потоа стасува во Македонија.

Извор: Фокус