Владата на денешната седница одлучила да ја тргне железната безбедносна ограда, соопштено е на официјалната владина Фејсбук страница.

– На денешната редовна седница одлучено е да се отстрани железната ограда околу Владата. Целта е да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните, се вели во краткото соопштение.

Едно од многуте предизборни ветување на актуелната власт, додека беше во опозиција, беше уривање на оградата околу Владата. Безбедносната ограда околу владиниот објект, според СДСМ, беше симбол на „режимот и симбол на узурпацијата на јавните простори“.

На оваа вест на Фејсбук страницата на Владата, веднаш реагираа граѓаните. Еве некои од нивните коментари:

Мерал Груби: Е, фала богу!

Илија Игнов Илчевски: И да питам, ќе разбере ли народот каде и за колко пари ќе биде продадено железото и колко ќе лапне некој роднина. Со што граѓаните би осетиле полза од тоа? Ќе му го подигнете животниот стандард? Ограда се става се со цел да се огради плац, дворно место. Тоа што вие од се правите политика и намерно ги разбирате работите партиски е во штета на граѓаните, а не во нивна корист.

Драган Шаренковски: Ќе си ја однесат по нивните вили.

Габриел Македонски Мишевски: Ептен јака реформа од која граѓаните ќе имаат голема корист… Ама Петрит Сарачини заборавил да каже дека се враќа и екстерното.

Ирена Спасовска: Доволно е само да се направат отвори од сите страни.

Јане Стефанов: Благодарам Влада што ми ја исполнивте желбата!