Како то јавува Охридпрес, денеска, нешто после 17:00 часот се случи убиство во охридското село Велгошти.

Веста ја потресе охридската јавност, особено што, според првичните информации, станува збор за мајка на две деца, на возраст од над 40 години, која била брутално убиена во нејзиниот дом. Охридпрес најавува и повеќе информации за случајот.