Венецуелката Јулимар Рохас го постави првиот светски рекорд во една атлетска дисциплина на Олимписките игри во Токио. Таа попладнево во трискок прескокна 15 метри и 67 сантиметри, цели 17 сантиметри повеќе од досегашниот најдобар планетарен резултат (15,50) сопственост на Инеса Кравец од 1995 година.

Второто место и сребрениот медал отиде кај Патрисиа Пор Мамона од Португалија со прескокнати 15,01 метар.

Бронзата е за Ана Пелетеиро од Шпанија со скок од 14,87 метри.