ОЛЕСНУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ: Се укинува задолжителниот сертификат за вакцинација при влегување во моловите и трговските центри

/ 02.03.2022

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите.

Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција.

– Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот Злате Мехмедновиќ рече дека вакцинацијата е на ниско ниво.

– Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза. На тоа ќе се фокусираме за да го подигнеме квалитетот на имунитетот и да биде основа за понатамошно олабавување на мерките, кажа Мехмедовиќ.

Препораката за продолжување на важноста на сертификатите за прележаност од КОВИД-19 не е разгледана на денешната владина седница.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа на прес-конференцијата во Владата информира дека за ова не е дискутирало на денешната седница затоа што првично препораките од Комисијата за заразни болести треба да бидат разгледани на Главниот оперативен кризен штаб.

– На денешната седница не се расправаше за ова бидејќи препораките и предлозите од Комисијата за заразни болести треба прво да се разгледаат на Оперативниот кризен главен штаб кој треба да заседава наредниве денови, изјави Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања.

Комисијата за заразни болести препорачува важноста на сетификатот за прележаност да биде продолжена од сегашните 45 на 180 дена.


Од истата категорија