Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е незадоволна од Предлог-резолуцијата на Сенатот претставена од страна сенаторите на Конектикат, Крис Марфи и на Висконсин, Рон Џонсон.

ОМД смета дека таа е навредлива за македонскиот народ и спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување.

„Македонските Американци и сите пријатели на Македонија можат да испратат писмо до нивните Сенатори со барање за поништување на Резолуцијата на Сенатот со број 602.

Над 95% од македонските испитаници на неодамнешната анкета спроведена од страна на ОМД, покажа дека македонскиот народ е недвосмислено против промената на македонското име и идентитет по цена на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО. Оваа позиција на зачувување на македонското име и идентитет, ја застапува претседателот на Република Македонија др. Ѓорѓе Иванов, кој го смета договорот за неуставен и спротивен на волјата на македонскиот народ.

Резолуцијата на Сенатот со број 602 го карактеризира секој опонент на договорот за про-руски активист. Не само што тоа е неосновано, туку и апсурдно, особено тоа што во резолуција се тврди дека Македонија историски негува про-американски став без руски имликации. Со своите неосновани аргументи кои можат до доведат до поголема нестабилност ОМД и го повикува Сенатот да ја оспори предложената Резолуција зашто.смета дека ваквата резолуција е штетна за американскиот углед“.