Прво, КАТО системот кој бил набавен во 2016-та требало да ја следи потрошувачката и дозирањето на скапите лекови, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го објавуваме во целост:

Но овој систем бил исфрлен од употреба веднаш по доаѓањето на власта на СДС и ДУИ и истиот бил фрлен во помошна просторија за да фаќа прашина цели 7 години. Логичен е сомнежот е дека тоа е направено за да може да се краде. Софтверското решение овозможува увид на каналот на дистрибуција на лековите и излезот кон одделенијата и истото го немало за на тој начин лековите да завршуваат на црниот пазар.

Во исто време во дневната болница не постоела можност да се евидентира која сестра кој лек на пациент го аплицирала, што пак отвора можност за злоупотреби, неточна и непрецизна евиденција за терапија која чини илјадници евра.

Сето ова и многу повеќе е содржано во извештајот од финансиската контрола на клиниката за онкологија. Здравствените власти ова го знаеле но го дозволувале. Оваа состојба не може да постои ако не била аминувана од страна на највисоките функционери во здравството. Ова е организирана шема. Ова е канцер мафија и мора да има одговорност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.