Поради практичноста и ниската продажна цена, користењето пластични садови стана тренд во секој дом. Според онколозите, оваа современа навика е поопасна отколку што изгледа.
– Моите пациенти често бараат едноставен одговор на прашањето зошто заболеле од рак, но реалноста е многу посложена, изјавил д-р Сунил Камат, онколог на клиниката во Кливленд, во интервју за магазинот Парада. Една од причините за појава на оваа тешка болест е средината во која живееме и секојдневните навики. Тука спаѓа, меѓу другото, и начинот на кој ја чуваме храната, додал Камат.
Според него, употребата на пластичниот прибор не е единствениот проблем. Клучниот проблем е што пластичните садови содржат хемикалии, односно супстанции како БПА, фталати и стирен, кои можат да преминат во храната, особено кога садовите се изложени на високи температури или кога се користат подолг временски период.
Според д-р Адил Кан, хематоонколог и епидемиолог, ваквите факти треба да се сфатат сериозно
– Сознанието дека хемикалиите од пластиката можат лесно да преминат во храната треба сериозно да ги загрижи луѓето, предупредува Кан.
Фото: Архива




