Јужна Кореја денеска пријави дневно зголемување за помалку од 30 нови случаи на коронавирусот, втор ден по ред, информираа локалните здравствени власти.

Вчера беа регистрирани 27 нови случаи, малку повеќе од 25 колку што имаше претходниот ден, соопштија корејските Центри за контрола и превенција на болести (KЦДЦ) во Сеул.

Вкупниот број случаи во земјата сега изнесува 10.564, додека бројот на починати се зголеми за пет на 222.

Од 27 нови случаи, 12 биле од странство, со што вкупниот број на увезени случаи изнесува 940.

Во петокот, исто така беа пријавени 27 нови случаи, што беше најмал број на новозаразени за 24 часа за 50 дена.

Врвот на епидемијата во земјата беше на крајот од февруари кога во еден ден беа регистрирани повеќе од 900 нови заразени. Во март е утврден јасен тренд на намалување на новозразени.