Македонската јавност веќе знае дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и еден од главните поддржувачи на стратегијата за создавање правно-економски хаос во Македонија од страна на Владата на Заев, преку Твитер побара „гласно обајнсување“ од премирот на Унгарија, Виктор Орбан за давањето азил на екс премирот на РМ, Никола Груевски.

„Владеењето на правото останува фундаментален принцип врз кој почиваат членките на ЕУ и земјите кандидати за членство (ви се верува дека Хан, кој го поддржува беззаконието во РМ го вели ова? н.з.,). Тоа е суштинско за кредибилитетот на ЕУ… Очекувам гласно објаснување од Виктор Орбан“, напиша Хан за азилот на Груевски.

Очигледно, Орбан не смета дека е потребно тој да му објаснува било што на Хан. Тој е избран премиер на земја членка на ЕУ, а Хан е далеку од такво нешто. Затоа му одговори Золтан Ковач, од кабинетот на Орбан, кој кратко, прилично остро и очигледно со доза на потсмев кон Хан, му возврати, исто така преку Твитер:

„Гласно објаснување? Почни да си го читаш твојот извештај за Македонија од март 2018 година за „ризиците за политичко влијание врз судството“ и види го извештајот за затворите од октомври 2017 година“.

Со тоа, се чини, Унгарија спуштајќи го Хан на земја, ја заврши расправата со него.