Ако навистина граѓаните решаваа, премиер ќе беше Никола Груевски, а не Зоран Заев, вели вицепремиерот Бујар Османи.

Тој во интервју за „Слободен печат“ зборува за идејата Албанец да биде премиер на Македонија што ја пласираше неговата партија ДУИ.

– Ние ги слушнавме изјавите дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер, а не партиите. Морам да кажам дека граѓаните во 2016 година одлучија Никола Груевски да биде премиер. Но ДУИ одлучи Зоран Заев да биде премиер! Така што, прашањето на формирање влади е, пред сè, прашање на политички компромис. Влада формира тој што обезбедува мнозинство, а не тој што добива најмногу гласови. Тој што кај претседателот ќе обезбеди 61 пратеник и ќе го добие мандатот. Ние сметаме дека се созреани условите 2020 година да го добиеме првиот премиер Албанец, вели Османи.