ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност, велат од партијата.

Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка.

Фатмир Битиќи, наместо јавноста да го препознава по професионалноста и својата работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДС, врз која ја гради својата политичка кариера, и по ништо друго. Веројатно и во СДС, а сигурно и Албанците, исто како и Македонците, се срамат што го имаат Фатмир Битиќи. Освен по тоа што по својата вокација беше неспособен министер за економија, ќе остане запаметен како дел од неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа, стои во поддршката од партијата за министерката Кочоска.

Ова не е првпат Битиќи да навредува, пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер во Владата на СДСМ и ДУИ, и претходно во Собранието покажа срамно однесување.

Тој искажа тешка навреда кон новинар, а без трошка одговорност како пратеник ги навреди и неговите деца.

-Јас тогаш на еден ваш квази новинар му реков: Ако најдете дека некој земал пари, 600.000 ќе ти дадам за да ти ги образувам децата, да не бидат такви кретени како што е он, рече Битиќи.