Утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има в недела и понеделник, најави Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што најави претходно УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, максималната темпеатура до 40 степени.
Максимални темпартури до сабота ќе бидат во интервал од 32 до 40 степени, а во недела и понеделник од 30 односно 31 до 38 степени. За во вторник и во среда се прогнозирани максимални температури до 39 степени.