Отец Љупче ПЕТРЕСКИ

ЗА НЕВЕСТИТЕ
(Од темата за примитивното суеверие)
Во Прилеп има „обичај“, доколку во црквата треба да се изврши Светата тајна венчание над два или повеќе брачни парови, еден по друг, невестите никако не смеат да се видат една со друга, затоа што тоа ќе влијаело лошо врз бракот, или нешто лошо ќе и’ се случело на едната, или на двете невести и т.н., па така, имаме смешни ситуации во кои „втората“ невеста се „крие“ во автомобилот додека излезе „првата“, или „првата“ излегува од другата врата во црквата, па … и сето тоа, иако со негодување, толерирано од нас свештениците од икс причини, откако нема да вродат со плод укажувањата дека таквиот обичај не е во духот на Христовата вера.
Апсурден, смешен и глупав суеверен обичај кој нема никаква врска со вистинската вера, Светата тајна венчание и благословот Божји врз младенците.
Место, пред храмот, да се видат невестите со зетовите и сватовите, па да си честитаат едни на други, да си посакаат здравје, среќа, Бог да ги благослови со пород и т.н., тие се одбегнуваат и очи не сакаат да си видат.
Жално, жално, жално.