Листата на симптоми во случај на инфекција со новиот коронавирус на Центарот за контрола и превенција на болести во Србија е надополнета со уште три нови.

Станува збор зa таканаречените симптоми на алергија – затнат нос или постојано течење од носот, мачнина и дијареа.

До сега со ковид-19 се поврзуваа покачена температура, инфекција на белите дробови, губење на здивот, отежнато дишење, болки во мускулите, главоболка, омалаксаност, па дури и губење на чувството за мирис и вкус.

Од Центарот велат дека надополнувањето на листата следи по новите истражувања во врска со болеста.